Транспарент „Правда за Крешник“ никна и во центарот на Дебар

 

Транспарент „Правда за Крешник - единствен пат кон мирот“, поставен е во строгиот центар на Дебар, на просторот на шеталиштето, во непосредна близина на седиштето на разгранокот на Демократска унија за интеграција.

На транспарент напишаното е на албански и македонски јазик, како дел од герила акција на матичната партија на поранешниот министерот за економија Крешник Бектеши кој е осомничен по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за издадената дозвола за работа на истата.

Објавувајќи фотографија од поставениот транспарент претседателот на разгранокот на ДУИ, Артин Спахиу, напиша „Дебар бара ПРАВДА“, додавајќи дека „Дебар останува печат на секоја национална активност“.

-Дебар е секогаш тука - кога е значајно, кога е во прашање достоинството, нацијата, праведноста. Дебар останува печат на секоја национална активност. Кога владата насилно ги отстрани транспарентите, надевајќи се дека ќе нè исплаши, Дебар ја прекина тишината и стана да им каже отворено што го кажуваме секој ден: Ние станавме, напиша меѓу другото Спахиу на објавата на Фејсбук

06.04.2025 - 14:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега