Дилер падна во рацете на полицијата: Му пропаднаа 100 грама кокаин вреден 10.000 евра
Во Скопје денеска е запленета една кеса со околу 100 грами прашкаста материја – кокаин, чија што вредност се проценува на околу 10.000 евра. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, акцијата е резултат на претходна истрага и судска наредба, а лицето Е.Е. (41) е приведено и задржано за понатамошна постапка.
- Во рамки на континуираните полициски активности за сузбивање и откривање на кривични дела од областа на недозволената трговија со дрога, денеска (05.08.) во 01:00 часот од страна на полициски службеници од Единицата за наедозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена Судска наредба за претрес, извршен е претрес на дом на лицето Е.Е. (41). Притоа полициските службеници открија и запленија една кеса со околу 100 грами прашкаста материја – кокаин, чија што вредност се проценува на околу 10.000 евра. Во координација и по насоки од надлежен ЈО лицето е лишено од слобода во Полициската станица од општа надлежност Бит Пазар каде што е задржан за понатамошна постапка, стои во соопштението од МВР.
По целосно документирање на случајот против истиот ќе следи соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа