120 луксузни автомобили и 500 лица со пропаднат обид за авто изложба: Полицијата им ја „растури“ забавата

 

Повеќе од 500 лица и околу 120  спортски и луксузни возила, ноќеска затекнала полицијата на паркинг во Струга по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир предизвикани од бучава. Одземени биле пет луксузни возила и издадени осум прекршочни платни налози, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, во периодот од 00 часот и 30 минути до 2 часот, полициски службеници презеле повеќе мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај, постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг во Струга бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица со бучава од возила. 

- Веднаш по пријавување на случајот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга излегоа на местото и затекнаа повеќе од 500 лица и околу 120  спортски и луксузни возила со кои, наводно ќе изведувале авто изложба. Лицата не постапиле по наредбите на полициските службеници, по што биле ангажирани дополнителни служби и состојбата била ставена под контрола. Притоа, биле одземени пет возила по член 344 од Законот за безбедност на патниот сообраќај, а по констатирани други прекршоци од ЗБСП, издадени се осум прекршочни платни налози, изјави портпаролот Стефан Димоски.

По целосно расчистување и документирање на настанот, додаде, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

При засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај пред неколку дена струшката полиција одзела четири патнички моторни возила.

05.08.2025 - 12:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега