Почина поранешен пратеник
Почина поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Гоце Андоновски кој беше дел од првиот парламентарен состав во македонското Собрание од 1991 до 1994 година.
Партијата изрази сочувство до семејството, роднините и пријателите на Андоновски.
-Андоновски даде значаен придонес во развојот и унапредувањето на здравствениот систем во Ресен, но и во политичко-општествениот живот во земјата, како пратеник од листата на СДСМ во првиот парламентарен состав на македонското Собрание од 1990-1994 година. Нека почива во мир, велат од СДСМ.
30.10.2023 - 15:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа