Груевски: Тука во Унгарија нема толеранција за возачите - се дува во дрегери
Македонија во последните недели поминува низ периоди на колективни шокови пред се заради два настани на домашен план.
Смртта на Фросина Кулакова и на Игор Југ со право ја потресоа јавноста, не само заради околностите под кои дојде до тоа, туку и заради серија неправди случувани пред нивната смрт, а кои доколку не се случеа веројатно немаше да имаат ваков фатален крај, напиша на ФБ, екс премиерот Никола Груевски.
Во првиот случај, случајот на загинатата Фросина, освен правда на суд за која во јавноста се зборуваше многу, потебно е промена на културата и навиките, а за тоа е потебна силна, многу силна превентива од страна на полицијата со силно и континуирано присуство на полицијата на теренот.
Овде во Унгарија толеранцијата на возачите за алкохол е нула. Кај нас беше 0,5 промили, па ние во нашиот политички мандат го намаливме на 0,3.
Но, клучното е во превентивата, односно во делувањето на теренот, оваа борба може да се добие само со постојано силно присуство на теренот ан полицијата со проверка на возачите за консумиран алкохол.
Тоа е поважно од било какви заострување на законските казни. Јас во минатото кога имав помало искуство верував дека превисоките казни ќе ги исплашат кримибалците. Како резултат на тоа владата која ја предводев и парламентарното мнозинство значително значително ги зголеми казните за предвидена затворска казна и псричните казни за различни кривични дела верувајќи дека тоа сериозно ќе влијае на одвраќање од сторување криминал. Се сеќавам тогаш искусниот министер за правда Михајло Маневски изрази резерва и не предупреди дека со предвидување превисоки казни, кои делумно беа многу над просекот во земјите на ЕУ, може да извршиме дерогирање на правниот систем, а да не ја постигнеме целта, но јас и некои други поведени од ентузијазмот за брз и ефективен успех бевме оптимисти и таа мерка стана дел од пакетот мерки кои ги превземавме. Се покажа, дека неговото искуство беше подобар прогнозер од нашиот ентузијазам за намалување на стапката на криминал, иако сето тоа не беше без ефект. Но ефектот не беше согласно нашите очекувања.
Затоа потенцирам дека спроведувањето на Законот и во овој случај превентивата преку масовни континуирани проверки на теренот на состојбата на возачите ќе даде далеку поголем ефект.
Во Будимпешта речиси секоја вечер, а особено во викендите низ улиците има масовна проверка на возачите за алкохол преку дување во апарат за тоа кој се вика Дрегер. Тие апарати се евтини а приверката брза.
Масовна проверка значи илјадници возачи во една вечер.
Во викендите на повеќе пунктови во градот цели колони чекаат на ред да бидат проверени дали пиеле алкохол пред да возат на клучните сообраќајници во градот, најмногу во поширокиот центар, но понекогаш и низ населбите надвор од попирокиот центар. И тоа чекање не е долго, во најлош станува збор за 1-2 мин, бидејќи повеќе полицајци го прават тоа истовремено и проверката заедно со воведот во кој полицаецот ве известува дека треба да ви изврши проверка за алкохол не е подолга од 20-30 секунди.
Полицијата е љубезна и има културно однесување. Брзи се. Не трошат време на непродуктивни разговори од типот “каде одиш” или “дали си пиел” или некакви малограѓански надмудрувања од позиција на сила. Не бараат никакви документи, возачки, лични карти и слично. Нормално тоа го прават ако има наод за консумиран алкохол, но на сите други не.
Во основа полицијата за разни поситни прекршоци некогаш казнува, некогаш само ги опоменуваат возачите за направен прекршок, но за алкохол и дрога нема милост. Тоа им е број еден и најважно во сообраќајот. И така спречувааат вакви ситуации.
И што е најважно активно се присутни на улиците особено во ноќните часови и особено во викендите и празниците. Многу активно.
Ако забележат мал знак на дрогираност кај возачот, а се добро обучени да ги препознаат тие знаци, веднаш следува проверка во болница.
Казните возење под алкохол или направен сериозен прекршок се сериозно одвраќачки за возачите свесно да ризикуваат: од високи парични казни, забрана за возење во месеци или години, до затворски за посериозни случаи.
Сеуште јас лично не сум запознал некој да вози, а да пиел претходно. Тоа не значи дека нема и такви, но веројатно се многу ретки.
Превентивата, големата активност на теренот на полицијата и високите казни кои нема начин да се избегнат ја имаат сменето културата на граѓаните.
Некој може да одлучи да ризикува, но висока е веројатноста навреме да биде спречен од полицијата, и така се спасуваат човечки животи.
Секој што планира да пие најчесто не излегува со кола која тој ја вози. Излегува или со такси, или со јавен превоз или можеби групно повеќемина во возило од кои сите можат да пијат таа вечер, но возачот не.
Постои и мошне развиена служба за оние возачи кои непланирано сепак ќе се напијат макар и малку алкохол. Се викаат по телефон и за одреден надомест го возат возачот дома со неговата кола, а се враќаат со друга кола која оди по неа. Тоа е и начин за заработка на некои луѓе кои не излегуваат таа вечер.
Не сум слушнал некој да негодува за овие правила и однос на државата. Сите со кои сум разговарал сметаат дела нула толеранција алкохол и силно присуство на теренот на полицијата со проверка за алкохол е нормална и добра работа.
Изразувам сочувство на семејството на Фросина за нивната ненадоместлива загуба.
Не е лесно и на семејството на момчето кое ја усмрти.
Но, потребни се промени и мерки да немаме други вакви случаи, кои колку што дознав од медиумите веќе во изминатите денови се случија, но не добија толку голем публицитет. И ќе продолжат да се случуваат ако нема многу полиција за проверка од алкохол на возачите и не губење време со банални работи при контролите, стои во објавата на Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа