Османи: 19 октомври е вториот 13 август

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, во вечерашното обраќање пред граѓаните, испрати моќна порака: „19 октомври е вториот 13 август.“
„Ако на 13 август 2001 беше потпишан Охридскиот договор кој ни го врати достоинството како народ, денес на 19 октомври одлучуваме дали ќе ја укинеме целосно таа рамка или ќе продолжиме да функционираме според неа“, изјави Османи, посочувајќи дека овие избори се референдум за иднината на рамноправноста, еднаквоста и јазичните права на Албанците.
Османи потенцираше дека на секој чекор среќава луѓе кои се длабоко разочарани од предавството на ВЛЕН: „Доаѓаат луѓе од ВЛЕН и велат: ‘Гласавме за нив. Имавме надеж дека ќе биде подобро. Им велам, не ги потценувајте. Инстинкт е на човекот да очекува подобро. Но беа изневерени,“ рече Османи
Особено остро Османи предупреди на враќањето на опасни практики на невидливост и дискриминација:
„Во Министерството за надворешни работи кога бев министер немаше ниту еден документ без колони на македонски и албански. А денес? Ги менуваат печатите. Ги отстрануваат таблите. Јазикот исчезнува. И сега го испраќаат законот за албанскиот јазик до Уставниот суд за целосна укинување. Албанскиот јазик е избришан од институциите. Законски и физички,“ рече Османи.
Османи испрати повик за масовно учество на изборите: „19 октомври не е само ден на избори тоа е ден кога повторно го браниме достоинството. Како што го направивме во 2001 година,“ заврши тој.
09.09.2025 - 20:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа