Стојкоски по кобните сообраќајки: Силно полициско делување и најстроги казни за прекршителите
Најостро ги осудувам сите девијантни појави и во сообраќај и во однос на насилство, истакна градоначалникот на општина Ѓорче Петров, доктор Александар Стојкоски, кој беше гостин во најновиот „Наткаст“ на новинарот Љупчо Цветановски.
Меѓу другото, се зборуваше и за кобната сообраќајна несреќа во која загина младата Фросина.
-Пред некоја година имаше сообраќајка кај СитиМол, на лице место бев сведок на настанот и знам мене каква траума ми предизвикал мене и претпоставувам дека и овој момент е исклучително тежок за семејството, туку за цело општество. Ние во континуитет информираме дека поставуваме одредени сообраќајни помагала за успорување на брзина, но по ова прашање ќе иницирам состанок со министерот Панче Тошковски и со надлежните во делот на сообраќај за уште поригорозни контроли. Посебно на црните точки кои ги имаме во Ѓорче Петров, рече Стојкоски.
Посочи дека ќе побара мерки со цел еднаш засекогаш да се реши проблемот со несовесните возачи.
-Имаме ситуации лица да возат без возачка дозвола, во алкохолизирана состојба, во наркотизирана состојба. Силно полициско делување, безмилосно, почитување на законот и најстроги казни за прекршителите, без било каква селективност, порача Стојкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа