Стојкоски нема да се трка за градоначалник на Градот: Си го сакам Ѓорче Петров
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, доктор Александар Стојкоски, беше гостин во најновиот „Наткаст“ на новинарот Љупчо Цветановски.
Зборуваа за повеќе теми, а во пресрет на локалните избори кои треба да се одржат есенва беше отворено и прашањето дали е негова амбиција да се кандидира за градоначалник на Град Скопје.
Стојкоски дециден – негов фокус на работа е општина Ѓорче Петров и тоа така и ќе остане.
-Ги следам моите колеги, странично, малку знам и да се пошегувам со нив. Гледам дека доста од градоначалниците скопски, па дури некои и владини функционери се пуштија во трката. Единствено во фокусот на мојот интерес е општината Ѓорче Петров. 20 години политички делувам во општината Ѓорче Петров, имаме толку многу простор за работа, многу предизвици со кои сме соочени, што јас навистина не гледам причина зошто би размислувал за нешто друго. Тоа е дел од градот Скопје кој најмногу го сакам, најмногу го познавам, тука живеам и сакам да создадам нешто. Ги создаваме заедно сите проекти кои што ќе останат за идните генерации. Јас постојано го напоменувам тука, благодарение на целата посветеност на администрацијата, на тимот на луѓе кои што работат, правиме сериозни историски чекори кои се видливи за општината Ѓорче Петров. Мојот фокус на работа би останал тука. Колегите што се заинтересирани, им посакувам среќа. Јас ќе го поддржам кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, кој и да биде. Сите се тие квалитетни луѓе и докажани во тоа што го работат, рече тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа