Минатата година намален бројот на починатите лица

 

Во текот на минатата година бројот на умрени лица во земјава е намален за 4,6 проценти во однос на претходната година кога починале 19.208 лица.

Според податоците на Државниот завод за статистика, поголем број се од машки пол и тоа 10.136 лица или 52,8 отсто од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 237, а нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 1,2 отсто.

Просечната возраст кај умрените лица од машки пол изнесува 69.9 години, односно 74.2 години кај лицата од женски пол или за 4.3 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Како и во претходната година најмногу или 57,8 отсто причина за смртта биле болести на циркулаторниот систем, 19 отсто се неоплазми, 4,4 отсто се ендокрините, нутритивнте и метаболичните болести, а 3,5 проценти се респиратниот систем, говорат податоците на Статистика.

25.06.2014 - 12:01
Фото: 
фактор
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега