Руте: Претпазливо сум оптимист во врска со можниот напредок во преговорите за Украина
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека е претпазливо оптимист во врска со можниот напредок во преговорите за Украина.
„Останувам претпазливо оптимист и мислам дека ако Русите се подготвени да ја играат играта, а не само Украинците, може да се постигне напредок во следните две недели“, рече тој по пристигнувањето во Анталија, за состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, пренесува Бета-АФП.
Но, за вистински да се продолжи со дискусиите, Русија мора да ја преземе и својата одговорност, рече Руте, потсетувајќи дека Украина, од своја страна, е подготвена да се вклучи во прекин на огнот и итни преговори.
Руските и украинските делегации се очекуваат денес во Истанбул, на првите директни разговори од пролетта 2022 година.
Деталите од состанокот, на кој рускиот претседател Владимир Путин одби да присуствува во оваа фаза, не се познати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа