Татко и неговиот 15-годишен син натепале полицаец зашто ги запрел

 

Инцидент во тетовското село Пирок заврши со приведување на две лица – татко и малолетен син – откако нападнале полициски службеник кој вршел службени дејствија. Настанот се случил вчера околу 19 часот, информира СВР Тетово.

Според првичните информации, полицискиот службеник од Полициското одделение Камењане затекнал 15-годишно момче како управува со патнички автомобил марка „Сеат Ибица“ со тетовски регистарски ознаки. Веднаш било извршено исклучување на возилото од сообраќај поради тоа што возачот бил малолетен и без возачка дозвола.

Во тој момент реагирал таткото, 41-годишниот И.С. од Пирок, кој заедно со синот физички го нападнал полицискиот службеник.

Двајцата напаѓачи биле приведени на лице место и задржани во полициската станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

15.05.2025 - 17:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега