„Сакав да ги заштитам останатите, станав и го соборив напаѓачот“: Македонецот Зоран стана херој по инцидентот во авион
Скопјанецот Зоран Настески, кој живее и работи во Англија, храбро реагирал за време на летот на авиокомпанијата „Изиџет“ од Лондон Лутон кон Глазгов, кога еден патник започнал да се однесува заканувачки. Според сведочењата, мажот гласно извикал „Алаху акбар“, „Смрт за Америка, смрт за Трамп“ и тврдеше дека носи бомба.
Настески успеал да го совлада мажот и да го задржи под контрола до слетувањето на авионот во Глазгов, каде што веднаш интервенирала шкотската полиција и го привела осомничениот.
Јасно ми беше дека лажно се заканува и сакав да ги заштитам патниците. Станав, го соборив на земја, му го земав телефонот, и му ги држев рацете сѐ до слетувањето“, вели Зоран за „СДК.мк“.
Цела изјава може да се прочита на „СДК.мк“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа