Горивата поевтинија - ова се новите цени
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32 % во однос на одлуката од 21.7.2025 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалија за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намали за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,746 ден/кг и сега изнесува 39,412 ден/кг.
Од 29.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 74,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 76,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,412 (денари/килограм)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа