Кошта го охрабри Мицкоски: ЕУ е со вас
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на денешната прес-конференција го охрабри премиерот Мицкоски да продолжи со напорите за напредок, уверувајќи го во поддршката од ЕУ за искористување на динамиката.
-Почитуван Христијан, можете да сметате на нас, на Европската Унија, затоа што ние ви стоиме на располагање, подготвени да ви помогнеме да ја искористите оваа динамика. Клучно е да се продолжи со реформите и да се инвестира во владеењето на правото и во борбата против корупцијата. Сакам да ја уважам вашата усогласеност со нашата заедничка надворешна и безбедносна политика и поддршката за Украина. Верувам дека вашите натамошни ангажмани и на меѓународниот форум ќе ги покаже нашите заеднички вредности, рече Кошта.
Кошта го опиша пристапниот процес како маратон, а не брза трка, напорен и понекогаш фрустрирачки, но изрази уверување дека со решеност и напорна работа Македонија ќе успее да ги надмине пречките.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа