Ескалација во Србија: повредени демонстранти, полицајци и новинари
Неколку демонстранти и најмалку четворица полицајци беа повредени во вторник навечер во Врбас и Бачка Паланка за време на антивладините протести, откако групи приврзаници на Српската напредна странка (СНС) фрлаа пиротехника, камења, столчиња и шишиња кон насобраните, а во нив бил испукуван и огномет.
Бранoт студентски и граѓански протести во Србија трае веќе девет месеци, поттикнати од трагедијата во Нови Сад, кога загинаа 16 лица. Протестите се одржуваат со барање за одговорност на власта поради корупција и несовесно изведени градежни работи. Синоќешните собирања пред седиштата на СНС во Војводина беа во знак на солидарност со претходно уапсените и повредените демонстранти.
PAMTI SRBIJO
“Muškarčina” udara ženi šamar večeras na Vračaru pic.twitter.com/aWcunT7Zf8
— Shonetin (@kaonikotinn) August 13, 2025
Според извештаите на порталите 021, N1 и снимките на социјалните мрежи, полициски кордон во Врбас и Бачка Паланка ги разделувал демонстрантите од приврзаниците на СНС, но присутните тврдат дека полицијата не ги спречила нападите врз граѓаните. Министерството за внатрешни работи, пак, соопшти дека демонстрантите ги нападнале приврзаниците на СНС и дека четворица полицајци, меѓу кои и заменик-началникот на ПУ Нови Сад, биле повредени.
Според новинарите на N1 и „021“, има и повредени демонстранти, а на терен интервенирала Итната медицинска помош. Во Врбас, асистент-снимател на N1 бил погоден со два камена во стомакот и рамото.
Медиумите јавуваат дека нападите во двата града биле координирани, што предизвика студентските организации да повикаат на нови протести, кои во текот на ноќта се одржаа пред локалните седишта на СНС во Нови Сад, Белград и Ниш.
Протестите се одвивале со турканици со полицијата, а неколку лица биле приведени поради „попречување на службено лице“. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои граѓани прашуваат зошто полицијата не интервенирала за да ги заштити демонстрантите во Врбас и Бачка Паланка.
РТС кусо извести за протестите, додека провладините таблоиди ги нарекоа демонстрантите„терористи блокатори“ и „дивјаци“, обвинувајќи ги дека „крвопролевањето им е единствена цел“. Министерството за внатрешни работи најави подетално соопштение во текот на денот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа