ФОТО: Почнаа гужвите - погледнете што се случува на патарината пред Куманово

 

Километарски колони автомобили повеќе од еден час чекаат да ја поминат патарината „Романовце“ на автопатот Куманово-Скопје. Гужватае од утринава поради зголемен број на странски и српски туристи кои транзитираат низ Македонија за одмор во Грција.

Возачите патарината не можат да ја платат со метални евра поради што задржувањето е подолго и се создава мешаница на наплатната рампа.

- Истиот проблем го имаше и минатата година. Тогаш надлежните ветуваа дека ќе ја прошират наплатната рампа со уште неколку ленти и дека ќе ја сменат политиката за примање на метални евра, но ништо не направија. Уште на првиот бран паднавме на организираноста и прифаќањето на туристите во државата. Покрај туристите заглавивме и ние кои одиме на работа во Скопје. Јас чекав околу 50 минути да поминам - се жалат патниците.

Колоната автомобили веќе достигна до пумпата на „Лукоил“ и постојано се зголемува. 

21.06.2014 - 13:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега