Каракамишева: Црвенковски е креаторот на актуелната политика на СДСМ
Премногу наивно ќе беше да се очекува дека Црвенковски туку така ќе замине од политичката сцена иако речиси една година е во политичка илегала и јасно беше дека тој е креаторот на актуелната политика на социјалдемократите. Вака универзитетскиот професор Тања Карамишева ја коментира средбата Заев- Црвенковски за која јавноста се информираше преку кусото партиско соопштение, анализира МРТ.
- Јасно е дека секој чекор секој потег на Зоран Заев оди во прилог на она што претставува политика на Црвенковски, понатака ако се разгледа целото потесно раководство ќе се види дека е плод и креација на Црвенковски, онаа реторика која што беше присутна пред две годни повторно се обновува во СДСМ, изјавува Каракамишева.
Црвенковски за првпат по повлекувањето од челната позиција во партијата, излезе со интервју за Дојче Веле во кое даде и оценка за внатрепартиската состојба: - Ќе биде ѓаволски тешко брзо да се консолидира, да се постогне единство, да се мотивира членството, да се охрабрат граѓаните. Отпор не се тера од канцеларии и преку прес конференции – изјави Црвенковски во интервјуто.
За многу кусо време вели Каракамишева, Црвенковски го промени ставот и денес според партиското соопштение тој заедно со Заев заклучуваат дека непријатели во партијата нема и дека тој и Заев можат да ја консолидираат партијата и злото го проектира во актуелната власт.
- Конкурент да го наречете политичко зло, тоа значи дека и самиот сте политичко зло. Она што го проектирате за другиот дефинитивно го носите во себе – вели Каракамишева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа