Велес: Гинекологот и ја сошил матката со мочниот меур - ќе и плати 15.000 евра

 

Гинеколог од Велес на млада пациентка и ја сошил матката со мочинот меур за време на едно породување кое го извршувал со царски рез, пишува Слободен Печат.
За ова, судот веќе пресудил а пресудата кон крајот на минатата година станала правосилна со што тој на пациентката треба да и плати отштета од 15.000 евра.
„ Пациентката претрпела физички болки, страв, душевни болки, намалена животна активност и несигурност да забремени по вторпат поради траумите од првото породување.

Директорот на велешката болница Александар Бузалков за „Слободен печат“ вели дека гинекологот уште работи во јавната здравствена установа. Според Бузалков пресудата сигурно ќе има финансиска импликација врз буџетот на болницата, но судските одлуки мора да се почитуваат. Во моментот болницата располага со полиса за осигурување од лекарски грешки, но пред 10 години кога се случил настанот немале. Така што, исплатата ќе се прави од сопствените средства на јавната здравствена установа.“ – пишува Слободен печат

10.01.2025 - 14:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега