Откако е разрешена Даути, ДУИ се жали: Ова е срамно - сакаат да не поткопаат
Парламентарното мнозинство презеде срамен и реваншистички акт, разрешувајќи ја Илире Даути од функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика, само затоа што одби да го помине дискриминаторскиот закон што предвидува компензација само за „бранителите“ од 2001 година, велат од ДУИ откако Даути беше разрешена од претседателската функција.
„Оваа одлука не е ништо друго освен директен удар врз Охридскиот договор и обид за негово поткопување на секој можен начин.
Наместо да работи на единство и еднаквост, оваа влада дејствува со логика на исклучување и реваншизам.
Ова е јасна порака дека Албанците во оваа држава сè уште се сметаат за граѓани од втор ред и дека нивната жртва за еднаквост никогаш нема да биде признаена од власт што е заробена во минатото.
ВЛЕН, како и досега, совршено ја одигра улогата на покорен слуга, одобрувајќи и молчејќи пред овој срамен чин. Ова уште еднаш докажува дека тие не се претставници на интересите на Албанците, туку слуги на оние што сакаат да ги поткопаат нашите колективни права.
Ги повикуваме сите Албанци да останат смирени, но да не ја прифатат оваа неправда со молк. Охридскиот договор е темелот врз кој е изградена мирот и стабилноста во оваа земја, и секој обид за негово рушење претставува закана за нашата заедничка иднина. Секој што денес мисли дека може да ја избрише историската вистина и да ја врати логиката на етничка доминација, треба да знае дека ќе се соочи со силна реакција од Албанците“, велат од ДУИ.
10.01.2025 - 18:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа