Тошковски: Личните карти со старото име нема потреба да се менуваат - важат до датумот на нив
Личните карти со старото име, нема потреба да се менуваат, односно важат до нивното истекување. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Личните карти важат со датумот на истекување. Нема потреба да се менуваат. За личните карти не важи правилото за возачките и за пасошите. Не треба македонските граѓани да бидат кабает поради неодговорното однесување на македонските политичари во минатото“, рече Тошковски.
10.01.2025 - 13:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа