Дедо добил на лотарија, па го пронашле мртов

 

Шпанецот Емилио Лускињос Мартинез, кој на лотарија освои 1,2 милиони евра, е пронајден мртов во својата куќа во градот А Коруња, соопшти денеска локалната полиција.

68-годишниот Мартинез пред три месеци освоил 1,2 милиони евра во шпанскиот Бонолото, а неговите пријатели повикале полиција кога неколку дена не можеле да стапат во контакт со него.

Противпожарните екипи и полицијата го пронашле во неговата куќа во А Коруња и лекарскиот тим констатирал смрт на лице место, пренесува порталот 20 минутос.

Сè уште не е позната точната причина за смртта, но во моментов се верува дека Мартинез починал од природна смрт.

Според порталот, Мартинез немал семејство, а откако добил на лотарија ги поканил пријателите на вечера, а потоа купил билети за натпревар на фудбалскиот клуб Депортиво во Тенерифе во декември.

 

Неделава купил и билети за натпреварот на ФК Малага.

10.01.2025 - 17:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега