Не е прифатена ниту интерпелацијата за вицепремиерот Иван Стоилковиќ
Собранието вечерва со седум гласа „за“ и 52 „против“ ја отфрли интерпелацијата за првиот потпретседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.
Одговорност за работата за спроведување на Рамковниот договор поради неспособноста и неговиот пораз во унапредувањето на меѓуетничките односи, побара вечерва коалицијата „Европски фронт“ од вицепремиерот првиот потпретседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.
Интерпелацијата ја образложи пратеничката Дијана Тоска од коалицијата „Европски фронт“, која рече дека интерпелацијата се однесува и за третирањето на односите и случките кои, како што рече, ја ставиле во опасност состојбата и безбедноста на државата.
– Иван Стоилковиќ место да биде гаранција за хармонија и стабилност, се претвори во симбол на неспособност и отсуство на волјата да се почитуваат основните принципи на правото, нагласи Тоска. Праша што направил досега Стоилковиќ за да се спроведе Охридскиот рамковен договор, а за случајот со славењето на албанското знаме рече дека виделе бруталност и првокација која, како што рече, не била осудена од институциите. Го обвини за неспособност при менаџирање на меѓуетничката состојба и упати прашања како се почитува албанскиот јазик и албанското знаме.
Вицепремиерот Стоилковиќ рече дека неговата интерпелација му е нејасна, а исто така и на медиумите и македонската јавност.
– Суштината на мојата интерпелација се затскриваше зад приказната како тоа Србин може да биде министер во македонската Влада. Како местата за министри да се резервирани само за ДУИ или за некој друг. Лутањето во врска со интерпелацијата и моето вклучување во настаните од 28 ноември кога се одбележуваше албанското знаме е само една маркетинг приказна за да ги внесе Србите во таа приказна, ни криви ни должни преку мене, рече Стоилковиќ.
Според него, ДУИ глумела жртва подолг период и додаде оти глумат и сега за да предизвикаат емотивна врска со нивни гласачи зошто оваа година не очекуваат локални избори. Според него, ДУИ креираат виртуелна реалност, креираат опасности и проблеми за потоа да ги решаваат. Тој рече дека се залага за еднаков третман на сите етнички заедници во земјата, праша каде е доказот за тоа дека не го почитувал албанскиот јазик. Посочи дека ресорното министерство беспрекорно функционира, сите доаѓаат на работа, се работи, иако, како што рече, најголем дел од вработените се Албанци и од ДУИ. Порача место да се шири омраза и нестабилност, да се преиспитаат ДУИ.
Според Сали Мурати од „Европскиот фронт“, интерпелацијата не е само прашање на еден министер, туку и на темелните вредности врз кои е изградена државата која е уникатен пример за мултиетничко општество.
– Охридсиоит договор не е само документ, туку наша определба. За жал, она што го гледам во работата на Стоилковиќ е сериозно отстапување од овој принцип. Селективниот пристап во третмаот на меѓуетничките е длабоко загрижувачки, не можеме да градиме доверба меѓу заедниците за кои се одговорни токму вие. За осуда е палењето на државното знаме, но и палењето на знамињата на другите заедници. Вашата позиција не е обична функција, а за нас, малите заедници, е најзначајна. Бара градење мостови, а не разединување. Стоилковиќ за случајот на 28 ноември покажа селективен пристап, што придонесува за продлабочување на недовербата. На 28 ноември немаше правна сигурност за граѓаните, ниту имаше еднакво важење на законот, рече Мурати.
Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека нема да ја поддржат интерперлацијата бидејќи, како што оцени, се работи за лов на евтини поени врз основа на меѓуетнички прашања.
– Наведените основи во интерпелацијата се во исклучива надлежност на безбедносните структури и во никаква надлежност на Стоилковиќ. Инцидентот во Куманово не беше меѓуетнички. Вистинската основа за интерпелацијата е што Стоилковиќ јавно ги откри криминалите за работењето во Министерството, додека со него раководел Артан Груби кој знаеме каде е денеска и затоа, наместо вака да се обидува да го брани Груби, најдобро ќе биде да ја повлечете оваа неоснована интерпелација. Столковиќ е посветен на надградување на меѓуетничкот дијалог и не заслужува ваква политичка игра, наместо да го трошиме времето на ова, да продолжиме да работиме на реашвање на клучните порашања во државата. повика да ја одбијат интерпелцијата, рече Петрушевски.
Во тек е интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа