Тошковски: Телефоните ќе бидат забранети и за пешаците при одење, „Безбеден град“ стартува во 2026

 


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави измени во Законот за безбедност на сообраќајот, со кои ќе се воведе забрана за користење мобилни телефони и електронски уреди не само за возачите на моторни возила, туку и за пешаците и велосипедистите. 

„Со измените се предвидува забрана за употреба на телефони и електронски уреди при управување со велосипед, мопед, мотоцикл, скутер, трактор и други возила, а истовремено и за пешаците при одење, преминување на коловоз или движење по велосипедска патека,“ изјави Тошковски.

Тој нагласи дека новите мерки се дел од проектот „Безбеден град“, чија цел е зголемување на безбедноста на улиците и намалување на бројот на сообраќајни прекршоци. „Со овие измени обезбедуваме поефикасна контрола на прекршоците – записникот со платен налог ќе биде единствен документ за помали прекршоци, а прекршоците ќе се утврдуваат и документираат преку техничка опрема,“ додаде министерот.

Проектот „Безбеден град“ е планирано да започне со примена во јануари 2026 година.

28.08.2025 - 12:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега