Се испаничил и ја фрлил дрогата пред полицијата- спречен шверц на Деве Баир

 

Македонските царински службеници спречија шверц на метамфетамин на граничниот премин Деве Баир.

На 20-ти овој месец во 19:50 часот како што соопшти Царинската управа, на граничниот премин Деве Баир за влез во Република Македонија било пријавено патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од возачот Р.Б. и совозач Ј.Л. и двајцата македонски државјани. Откако совозачот Ј.Л. било селектиран за претрес, од страна на царинските службеници бил упатен кон просторија во која се врши личен претрес. Тој пред да влезе во просторијата, во еден момент се исплашил и од левиот џеб од неговата тренерка фрлил најлонско ќесе на подот пред влезната врата од зградата, во кое царинските службеници пронајдоа 96 парчиња таблети со жолтеникава боја и непознат состав, на кои била втисната ознака ,,М”. 

По извршеното вештачење во МВР-Одделот за криминалистичка техника, било констатирано дека таблетите претставуваат психотропна супстанца метамфетамин која делува на централниот нервен систем и е класифицирана во листа  на забранети опојни дроги и психотропни супстанци.

Царинската управа поднесе кривична пријава против сторителите, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство во Куманово. 

Судијата при надележниот Основен суд Куманово, на претходна постапка на осомничениот Ј.Л му одреди притвор во траење од 30 дена додека  пак на  Р.Б одредени му се мерки на претпазливост - обврска да се јавува во просториите на Основниот суд Куманово како и привремено одземање на патна исправа.

22.05.2014 - 12:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега