Расмунсен денеска во посета на Македонија
Во рамки на посетата на регионот, Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Македонија.
Предвидено е генералниот секретар на НАТО да оствари средби со премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за одбрана Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Расмусен ќе биде запознат со статусот на прогресот на Република Македонија во однос на имплементацијата на реформските процеси, а со основна цел упатена кон целосна евро-атлантска интеграција и забрзано остварување на членството во НАТО.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа