Груевски му се јави на Изетбеговиќ: Македонија ќе помогне на БиХ!
Премиерот Никола Груевски денеска телефонски разговарал со Бакир Изетбеговиќ, претседавач на претседателството на БиХ, во врска со страотните поплави. Соговорниците размениле мислења и информации околу потребите и можностите за поддршка и помош.
Груевски, како што информираат од владината прес служба, истакнал дека БиХ може да смета на Македонија во рамките на нашите можности и потенцирал дека покрај стокова поддршка како вода, храна, лекови и облека, Република Македонија ќе даде и финансиска поддршка за помош на настраданите.
Бакир Изетбеговиќ изразил благодарност за помошта која Република Македонија ја дава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа