Ништо не се гледа од Тетово до село Гајре: Возете внимателно

 

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани и застои, во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 20 до 30 метри има од Тетово до село Гајре и до 100 метри на патот Кула – Катланово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

10.01.2025 - 18:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега