Гори кај Берово, Долнени и Прилеп: Седум пожари низ Македонија
На ден 06.09.2025 година, до 12:00 часот, на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 7 пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола е 1, и изгаснати се 3 пожари.
АКТИВНИ: 3
1. Општина Берово – над туристичка населба Абланица (висококвалитетна боровa шума);
2. Општина Долнени – с. Дебреште (депонија);
3. Општина Прилеп – Изофас (ниска вегетација).
ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Гази Баба – Вардариште (ѓубриште).
ИЗГАСНАТИ: 3
1. Општина Гевгелија – с. Конско (ниска вегетација и дива депонија);
2. Општина Струмица – с. Банско (депонија);
3. Општина Дебар – Дебарските гробишта (плевна).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа