Сакале да прошверцуваат добиток во Албанија: Полицијата пукала во воздух

 

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ - Дебар, спречиле шверц на добиток, кој требало да заврши на албанска страна.

- Вчера во 5:20 часот, полициските службеници го лишиле од слобода К.Б., на возраст од 34 години од Дебар, кој на патот од Дебар кон Република Албанија, заедно со уште едно лице, во товарно возило превезувале добиток, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Охрид.

Според него, на издадена наредба да застанат, лицата продолжиле со движење, па полициските службеници испукале три предупредувачки куршуми во воздух, по што лицата излегле од возилото и се дале во бегство.

- По преземени мерки, К.Б. е лишен од слобода и во службениот разговор изјавил дека нема никаква документација за добитокот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, нагласи Димоски.

Шверцот на добиток од македонска на албанска територија не е реткост, поради повисоката цена на месото во соседна Албанија

06.09.2025 - 13:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега