Шалке го победи Вардар

 

Бундеслигашот Шалке постигна победа од 3:2 на синоќешното гостување кај македонскиот првак Вардар. Овој пријателски натпревар беше организиран во рамки на добрата соработка на двата клуба.

Госите од Гелзенкирхен поведоа во првиот дел со трите голови за 11 минути. Серијата ја почна „ѕвездата“ на Шалке 04, Јан Клас Хунтелар со голот во 27.минута. На 2:0 зголеми Барнет во 33.минута, а Бастос во 38.минута го постави резултатот од првиот дел (0:3).

 

„Црвено-црните“ намалија преку Филип Петров во 68.минута, а конечните 2:3 ги постави Андреј Ацевски во 84.минута.

 

Натпреварот го следеа околу 8.000 гледачи, а посебен белег беа навивачките групи на двата тима, кои имаат повеќегодишно пријателство од претходниот натпревар меѓу Вардар и Шалке во Интертото купот во 2004 година.

Почетниот удар на натпреварот го изведе поранешниот голман на Вардар Драган Мутибариќ, кој во 1976 година го бранел голот и на германската екипа Шалке 04.

најчитано сега