СДСМ до Владата: Бројот на вработени намален за 17.000 - неспособни сте

 

Македонија скапо ја плаќа неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. 
Фрапатни се податоците кои покажуваат дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2024 година во земјава има над 17.000 помалку вработени. Тоа е директен резултат на погубните економски политики, хаосот и несигурноста, како и напуштање на политиките кои ги востастави СДСМ  за стабилна и одржлива економија, реагираат утрово од СДСМ.
 
Со оваа неспособна Влада:
 
-Пазарот на труд се стеснува, продуктивното население е разочарано и заминува.
 
-Фондот за пензиско осигурување е под притисок, бидејќи денес 1,63 вработени обезбедуваат една пензија, наместо 1,74 како што беше пред само една година.
 
Владата нема стратегија, нема визија, нема мерки за задржување и отворање на нови работни места.
 
Ова се последици од владеењето на Мицкоски, се зголемува несигурноста за младите, пензискиот систем се доведува во ризик а приватниот сектор е оставен сам да се снаоѓа.
 
Граѓаните ја чувствуваат економската стагнација секој ден – на работа, на пазар, на семејна трпеза но за власта приоритет се манго, папаја, луксузни патувања за функционерите а не потребите на народот, стои во партиското соопштение.
05.08.2025 - 12:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега