Ден на стручно образование и обука
Министерството за образование и наука со помош на ЕУ и Европската фондација за обука денеска организираа Ден на стручно образованиеи обука. На настанот беа презентирани резултатите од Твининг проектот „Поддршка за модернизацијата на системот за образование и обука“ и неодамна усвоената Стратегија и акциски план за стручно образование и обука 2013-2020.
Заменик-минстерот за образование и наука Сафет Незири истакна дека проектот „Поддршка за модернизацијата на системот за образование и обука“ беше инициран во септември 2011 година со цел да се реформираат две и тригодишните програми за стручно образование и обука во земјата според потребите на пазарот на трудот. Информира дека проектот се спровел меѓу Центарот за стручно образование и обука на Македонија и на Словенија.
- Стартегијата за стручно образование и обука во контекст на доживотното учење има за цел да ја зајакне атрактивноста, релевантноста и квалитетот на стручното образование и обука, и да му овозможи да игра главна улога во промовирањето на деловната успешност и вработливсот, конкурентноста и иновациите. Стручното образование и обука треба да им понуди на младите и возрасните разновидни и флексибилни можности за учење преку кои ќе стекнат вештини неопходни за кариерен развој и за стимулирање на претприемничкиот дух, рече Незири.
ФОТО: Нетпрес