Хаос во Вашингтон: Дојава за бомба - се евакуира Сенатот
Американската полиција на Капитол истражува закана за бомба во седиштето на Демократскиот национален комитет (ДНЦ), поради што персоналот на Сенатот доби известување да го избегнува седиштето во Вашингтон.
Според федерални извори, во тек е пребарување на зградата, но засега не се пронајдени експлозивни направи.
„Ве молиме известете го вашиот персонал. Полицијата на Капитол реагира на инцидент во седиштето на Демократскиот национален комитет“, се наведува во соопштението доставено до службениците на Сенатот.
Истрагата продолжува, а засега не се објавени дополнителни детали.
11.09.2025 - 22:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа