Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

 

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба да бидат спроведени во наредниот период соработувајќи со локалната самоуправа на Прилеп, со цел нивна реализација.

„Навистина имаме убави работи коишто ќе ги споделиме вечерва, работи коишто ги направивме изминативе 4 години во општината, но и многу планови за периодов којшто е пред нас и период во којшто заеднички со локалната самоуправа ќе работиме на реализација на навистина големи планови и големи проекти“, изјави Николоски.

Николоски најави изградба на целосно автопатско поврзување на Прилеп, односно продолжување на истиот до Фариш со автопат кој ќе продолжува до Битола, што претставува целосна револуција на економијата и комуникациите на целиот регион.

„Вечерва ќе најавам, еве можам ексклузивно да го кажам пред вас дека имаме еден голем план на целосно автопатско поврзување на Прилеп, значи не само изградба на автопатот од Прилеп до Битола туку исто така продолжување на истиот до Фариш односно онаму кадешто сега во моментов завршува експресниот пат Градско-Дреново-Фариш, да продолжи кон Прилеп со автопат којшто би продолжил секако до Битола, што мислам дека ќе е целосна револуција и во однос на економијата и во однос на комуникациите на целиот регион“, истакна Николоски.

12.09.2025 - 21:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега