Полицијата во акција - Паднаа пет дилери

 

Денеска во 02:25 часот на улица „Благоја Тоска" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.А.(20) од Тетово затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. На 13.09.2025 во 00:30 часот на улица „Живко Брајковски" во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода З.Н.(34) од Гостивар затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. На 13.09.2025 во 00.30 часот во с. Калник, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишија од слобода од Е.Р.(20) од с.Јеловјане зато ашто кај него е пронајдена и одземена марихуана.
На 12.09.2025 во 20:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода А.И.(32) и А.У.(31), двајцата од с.Теново, тетовско, затоа што кај нив е пронајден и одземен кокаин.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
13.09.2025 - 13:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега