Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, повредени три лица

 


Три лица се повредени во сообраќајка меѓу камион и работна машина за сечење огревно дрво на регионалниот пат Струмица-Валандово во селото Костурино.

Веста за МИА ја потврдија од СВР Струмица од каде информираа дека вчера во 13 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Валандово се случила сообраќајната несреќа. 

-На 12.09.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на регионален пат Струмица-Валандово, во с.Костурино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво"  со полуприколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од Богданци и работна машиназа сечење дрва, управувана од Ќ.Е.(36) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле вoзачот и сопатникот на работната машина М.Е.(31) од Струмица, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на работната машина, констатирани во Медицински центар Струмица, се наведува во информацијата од СВР Струмица. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

13.09.2025 - 10:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега