Нова можност за македонските бизнисмени да се прошират во регионална мрежа
На 11 септември Скопје ќе биде домаќин на една од најзначајните бизнис мисии на годината, при што водечките компании од Турција ќе имаат директни средби со македонските компании.
Настанот ќе се организира од страна на Истанбулската асоцијација на извозници на црни и необоени метали (IDDMIB) и под покровителство на Министерство за трговија на Турција, и ќе претставува значаен чекор во насока на продлабочување на билатералните економски врски и поттикнување нови деловни соработки. Настанот ќе претставува одлична можност за македонските бизниси кои се во потрага по нови партнерти, модерни технологии и пристап до моќни трговски мрежи.
Придружете ни се на билатерални деловни состаноци кои ќе отвораат врати за нови партнерства.
Четврток, 11 септември, 2025, SKOPJE
10:00 – 18:00 часот
DoubleTree by HILTON, Skopje (Diamond Conference Hall)
Регистрирајте се бесплатно на: https://b2b-makedonija.com
Оваа мисија претставува повеќе од деловен настан – таа е платформа каде што се среќаваат нови искуства, производи и визии. Таа им овозможува на локалните бизниси директен пристап до сериозни и консолидирани турски компании кои работат во сектори како што се градежништво, градежни материјали, скелиња, алати, челик и алуминиум, автомобилска индустрија и многу други области.
Доколку сте претприемач кој сака да внесе нова енергија во своето работење, да влезе на нови пазари или да создаде долгорочни партнерства со силни компании, тогаш 11 септември е датум кој не смеете да го пропуштите. B2B средбите нудат конкретни можности за соработка.
На официјалниот бизнис настан ќе учествуваат Амбасадорот на Турција во Скопје, Н.Е. г-дин Фатих Улусој и Претседателот на делегацијата на Истанбулската асоцијација на извозници на црни и необоени метали (IDDMIB) г-дин Д. Бурак Озелџи, како и претставници на стопанските комори и бизнис заедницата.
İDDMİB, основана во 1986 година, претставува моќна мрежа од над 8.000 компании-членки кои извезуваат во повеќе од 150 земји ширум светот. Со силна посветеност на квалитетот, сигурноста, континуираното унапредување и иновациите, İDDMİB игра клучна улога во одржливиот економски раст на Турција и во развојот на меѓународни партнерства. Оваа мисија има за цел не само да ја зголеми трговската соработка, туку и да ја зајакне регионалната економија преку одржливи и долгорочни партнерства.
Head of Delegation of İDDMİB
Mr. D. Burak ÖZELCİ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа