Трамп: Имав одличен однос со Путин - сега сум многу разочаран

 

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го разочарал, а шпекулациите за неговата наводно нарушена здравствена состојба ги отфрли како „лажни вести“.

Во интервју за радиоемисијата The Scott Jennings Radio Show, Трамп рече дека е „многу разочаран“ од Путин и додаде – без да наведе детали – дека неговата администрација планира да преземе одредени мерки за да се намали бројот на жртвите во Украина.

„Имавме одличен однос, но сега сум многу разочаран од претседателот Путин и ќе направиме нешто за да им помогнеме на луѓето таму да живеат“, изјави Трамп, мислејќи на Украина. „Илјадници луѓе умираат, тоа е војна што нема смисла“, додаде тој.

Трамп средината на август разговараше со Путин на Алјаска, а потоа во Белата куќа се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со клучните европски сојузници.

По тие средби, Трамп рече дека очекува Зеленски и Путин да се сретнат пред закажаниот трилатерален состанок на кој би учествувал и тој. Зеленски, пак, изјави дека Русија прави сè што може за да спречи средба меѓу него и Путин, додека Москва тврди дека дневниот ред за таков состанок сè уште не е подготвен.

02.09.2025 - 22:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега