Додик во контраофанзива – Словенечки функционери прогласени за непожелни

 

Словенечките санкции против Милорад Додик предизвикаа нова политичка бура во Босна и Херцеговина, откако Владата на Република Српска возврати со забрана за влез на словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и министерката за надворешни работи Тања Фајон.

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, во живо се обрати на седница на владата, реагирајќи бурно на новите мерки:
„Сега се чини дека нè окупираа во Босна и Херцеговина, нема да остане така. Нема да остане, ви велам дека нема да остане. И ќе дојдам тука за три месеци да ви кажам што мислев. Што ќе се случи не можам да споделам со вас или со јавноста, дел од тоа веќе се случува,“ изјави Додик.

Веднаш по седницата, следеше коктел-забава, по која беа воведени мерките против словенечките функционери.

Жељка Цвијановиќ, член на Претседателството на БиХ од РС, веднаш го бранеше Додик, посочувајќи преку социјалните мрежи:
„Очекуваме повеќе мудрост од соседните земји.“

Амбасадорот на БиХ во Љубљана, Дарио Новалиќ, предупреди дека списокот со забранети лица би можел да се прошири:
„Имам информации дека оваа листа ќе се прошири за да вклучи и други. Едно од објаснувањата, неофицијално, беше дека еден од членовите на тајните служби рекол: ‘Не би ни паднало на памет дека некој ќе руча со шефот на тајната служба во Москва, а потоа ќе дојде во Љубљана и ќе руча во ресторанот АС со градоначалникот на Љубљана.’“

Политичката криза дополнително се продлабочи откако министрите од СНСД го отфрлија европскиот План за реформи, со што БиХ остана без над 100 милиони евра од фондовите на ЕУ.

Ситуацијата останува напната, додека сите страни упатуваат исти пораки – но со сосема различна намера.

11.09.2025 - 20:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега