Драган Ковачки: Јавното обвинитество мора да се издигне на клоци
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, по денешната посета на една од институциите, остро ја критикуваше работата на Јавното обвинителство, посочувајќи на, како што рече, сериозни злоупотреби и прекршувања на законите за кои досега требало да има конкретни обвиненија.
„После денешната посета, она што можам со сигурност да го заклучам е дека Јавното обвинителство мора да се 'издигне на клоци'. Очигледно е дека имаме класични прекршувања на законите и злоупотреби што не можат повеќе да се игнорираат“, изјави Ковачки.
Тој додаде дека е неопходно конечно да се расчисти со, како што ги нарече, „филммејкерите“ и нивните наредбодавци, сугерирајќи дека зад некои институционални постапки стојат сценарија кои би можеле да посрамотат и холивудска продукција.
„Холивуд може вода да носи!“, рече Ковачки со доза на иронија, алудирајќи на театарот што, според него, се одвива зад затворени институционални врати.
Пратеникот потенцираше дека постапките не смеат да се кријат под плаштот на „класифицираност“, ниту да се користат за спектакли во јавноста што ќе се претворат во политичка забава, туку мора да се водат согласно закон и да резултираат со правна разрешница.
„Не смее да има застарување на предметите под изговор на класифицирани постапки, а уште помалку спектакли за народ. Сè мора да се води во рамките на легалноста“, подвлече Ковачки.
Завршувајќи ја изјавата, Ковачки додаде дека поради сензитивноста на состојбите и неговата позиција, нема да споделува дополнителни детали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа