Годишно 40 пешаци го губат животот во сообраќајки - започна Неделата за безбедност на пешаците во Македонија“

 

Со делење зелени и црвени флаери за правилно однесување на пешаците во сообраќајот, денеска на кружниот тек кај СП „Планет“ во скопски Ѓорче Петров, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и претставници на Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај, ја почнаа кампањата „Неделата за безбедност на пешаците во Република Македонија“.

Годишно околу 40 лица го губат животот во сообраќајни несреќи како пешаци, а дури 200 сообраќајки се предизвикани од лица кои несовесно се однесуваат во сообраќајот како пешаци. Како што информира министерката Јанкулоска, минатата година речиси една петина од вкупната бројка на жртви во сообраќајот се пешаци, а заедно со моторциклистите и велосипедистите, пешаците сочинуваат една половина од загинатите во сообраќајни несреќи.

Оваа кампања трае до 7 април, а има за цел да ја подигне свеста кај учесниците во сообраќајот.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со сообраќајната несреќа во која учествувал и градоначалникот на Дојран Борче Стамов, Јанкулоска меѓу другото нагласи дека не би можела да коментира увид на сообраќајна несреќа, за која, рече, претпоставува ори увид вршела СВР Струмица. Доколку има незадоволни странки, посочи, тие можат да го обжалат извештајот  што го добиле.

01.04.2014 - 11:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега