Голем дефект: Половина Скопје без парно
Во повеќе делови од Скопје утрово жителите се без парно греење. Од ЕСМ Снабдување со топлина информираат дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската мрежа е намалена испораката на топлинска енергија.
Парно греење нема во делови од скопските населби Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Капиштец, но и во други населени места.
Од ЕСМ Снабдување со топлина соопштуваат дека екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија.
Очекувањата се дека за бргу ќе биде нормализирано снабдувањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа