Трамп ќе потпише повеќе од 200 извршни наредби

 

Доналд Трамп по денешната инаугурацијата ќе потпише повеќе од 200 извршни мерки, вклучително извршни наредби, што се правно обврзувачки и други директиви, како прокламации, што не се правно обврзувачки.'

Извршната наредба е писмена наредба издадена од претседателот до федералната влада за која не е потребно одобрение од Конгресот. Тоа е еден начин на кој претседателите можат да спроведат промени во политиките без да мораат законодавците да гласаат за нив.Сепак, извршните наредби мора да бидат во согласност со законот и може да бидат предмет на правен преглед.

Трамп потпиша 220 извршни наредби за време на неговиот прв мандат, од кои некои беа оспорени пред судовите. Бајден издаде 160 извршни наредби, додека Барак Обама и Џорџ Буш, кои служеа два последователни мандати, издадоа 277 и 291 наредба.

20.01.2025 - 15:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега