Папата делеше автограми и потпишуваше и бејзбол топки
Новоизбраниот папа Лав XIV денеска потпиша автограми откако првпат се сретна со претставници на светските медиуми откако стана поглавар на Римокатоличката црква, а како навивач на американскиот бејзбол клуб Чикаго Вајт Сокс потпиша и бејзбол топки.
Папата, кој е роден во Чикаго, изјави дека е горд навивач на овој клуб, кој обично го поддржуваат жителите на јужниот дел на тој град, додека северниот дел типично го поддржува клубот Кабс, пренесе Анса.
Папа Лав, чие вистинско име е Роберт Превост, е љубител на бејзбол уште од детството.
12.05.2025 - 22:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа