Бендевска: СДСМ влегува во фаза на „предизборна фантазија“

 


Потпреседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна Бендевска денеска на прес конференција упати порака до раководството на СДСМ да го „синхронизира политичкиот маркетинг со реалноста на терен“.

– Итно поставете редари пред вашите општински штабови. Не заради безбедност, туку за да може некако да се среди „хаосот“ од гужвите кои настанале откако, наводно, членство на ЗНАМ масовно се враќало кај вас, според ваше тврдење. Разбираме дека СДСМ влегува во фаза на политичко самозалажување - позната и како фаза на „предизборна фантазија“ – ама барем синхронизирајте го политичкиот маркетинг со реалноста на терен. Ако тврдите дека членовите на ЗНАМ се враќаат кај вас, тогаш зошто сите ваши штабови низ државата изгледаат како музеи на политичка археоплогија – затворени, запрашени, заборавени, рече Бендевска.

Прикажа фотографии од штабовите на СДСМ, на кои, според неа, со месеци нема никаква активност и порача дека членството на ЗНАМ е стабилно и решено да изгради нов политички субјект, кој ќе функционира чесно и ефикасно.

– Движењето ЗНАМ е тука – со луѓе со идеи, со визија. Се бориме за промени, а не за фотељи. За систем кој работи исклучиво во корист на граѓаните. Се бориме за нов политички модел, за нова култура на одговорност и резултати. Враќањето назад во системот на СДСМ, кој го девалвираше достоинството на граѓанинот и тргуваше со националните интереси, со што ја потроши довербата на народот за членството на Движењето ЗНАМ, не е опција, рече Бендевска.

12.05.2025 - 14:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега