Мицунски: Бевме дел од приватната ложа на Мајкл Ватли
Тимчо Мицунски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски беше дел од инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук:
- На мое големо задоволство, заедно со претседателот на Владата присуствувавме на официјалните инаугуративни активности на претседателот Доналд Трамп, како дел од приватната ложа на Мајкл Ватли - претседател на Републиканската партија на САД, напиша тој.
Мицунски во постот му честиташе на Доналд Трамп.
- Честитки за изборот на Доналд Трамп за Претседател на Соединетите Американски Држави. Пред нас е период на цврсто партнерство, зајакнати политички и економски односи, како и заеднички напори за градење мир и просперитет во светот, заврши Мицунски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа