Првата дама ги оправда очекувањата: Меланија елегантна на инаугурацијата на Доналд Трамп (ФОТО)
Првата дама Меланија Трамп утрово на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп како 47. претседател на САД облече палто и комплет здолниште од американскиот дизајнер Адам Липес, пишува „Вог“.
Меланија, родена во Словенија, е само втората имигрантка во историјата на САД што ја презема оваа улога, по Луиза Адамс, сопругата на претседателот Џон Квинси Адамс, која е родена во Лондон. Во текот на првиот мандат на нејзиниот сопруг, Меланија најчесто носеше облека од реномирани европски дизајнери како „Долче и Габана“ и „Александар Меквин“, а за победничката вечер на изборите се одлучи за „Диор“. Сепак, нејзиниот избор на Адам Липес за оваа инаугурација носи специфична порака. Кампањата на Доналд Трамп беше силно насочена кон поддршка на американската економија, а Липес, кој е роден и работи во Њујорк, претставува независен американски бренд кој го отелотворува тој дух.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа