Трамп ја брише историјата: Го тргна портретот на Мили од Пентагон
Пентагон го отстрани портретот на Марк Мили, пензиониран генерал и поранешен претседател на Здружениот Генералштаб, потврдија за Ројтерс двајца очевидци. Овој потег дојде два часа по инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп.
Пентагон веднаш не одговори на прашањето зошто портретот е отстранет неколку дена по неговото откривање. Трамп и претходно го критикуваше Мили. Тој еднаш рече дека Мили „бавно се движи и размислува“ и го нарече „морон“, потсетува Ројтерс.
Неколку часа пред инаугурацијата, поранешниот претседател Џо Бајден издаде превентивно помилување за Мили и неколку избрани функционери и државни службеници, како и членовите на неговото семејство, барајќи да ги заштити од можна одмазда на Доналд Трамп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа