Истепал полицаец во Гостивар бидејќи му напишал казна

 

Со клоци и боксови 46 годишен жител на гостиварското село Лакавица, вчера нападнал полицаец кој го запрел поради сообраќаен прекршок на патот Кичево - Гостивар. Според информациите кои ги објави полицијата, 46 годишни Ф.А. откако бил сопрен и полицајците му кажале каков прекршок направил, најпрво почнал да ги навредува а потоа излегол од автомобилот и неколку пати го удрил полицискиот службеник. 
Од полицијата најавуваат целосно расчистување на случајот по што ќе следат соодветни пријави

03.03.2014 - 13:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега