Ненадејно почина познатиот македонски музичар

 

На 61 година вчера почина Ристо Ице Ќорнаков (1963-2024), клавијатурист на легендарната гевгелиска поп-рок група „Зијан“.

 

 

 

Тој е еден од авторите и аранжер на инструменталот „Низводно“, од истоимениот албум, вистински дијамант на македонскиот поп рок. Ќорнаков ќе остане засекогаш во музиката која тој, заедно со другите членови на „Зијан“ ја создадоа на радост на големиот број нивни обожаватели.

 

Неговиот последен настап беше на 7 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје, каде со членовите на „Зијан“ одржаа концерт по 42 години.

27.12.2024 - 19:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега